01/11/2024

Редовни тренажни летови на пилотите и превентивно извидување на територијата на Р.Македонија

Денес, на 14.08.2018 година во рамките на редовните активности на Дирекцијата за заштита и спасување, Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови, и поддршка за гасење на пожари на отворен простор од воздух, спроведе редовни тренажни летови на пилотите, оддржување на оперативноста на воздухопловите "Air Tractor Fire Boss" и превентивно извидување на територијата на Р. Македонија. Редовните тренинзи на авио одделението продолжуваат и во наредниот период и се целосно подготвени за итно делување доколку се укаже таква потреба.