08/12/2022

Свечено примопредавање на опрема, донирана од страна на Романија

На 19 јули 2022 година, во Дирекцијата за заштита и спасување, во присуство на медиуму, се одржа свечено примопредавање на опрема, донирана од страна на Романија. Опремата, возило АТВ со намена пребарување и спасување на планина, Н.Е. г-ѓа Моника Аксинте, Амбасадор на Романија во РСМ, му ја предаде на г-дин Беким Максути, директор на ДЗС. Донацијата е добиена преку проектот за зајакнување на капацитетите за одговор при катастрофи на Дирекцијата, спроведен од страна на организацијата за меѓународна соработка и хуманитарна помош RoAid,  во соработка со Генералниот Инспекторат за итни ситуации на Романија. 
Романија е докажан партнер на Република Северна Македонија, која несебично помагаше и за време  на Ковид-19 пандемијата, како и при справувањето со пожарите во Малешевскиот Регион, во август 2021 година. 
Во рамките на взаемната билатерална соработка во доменот на цивилната заштита, во тек е спроведување на проект за 2022, а во план се активности и во 2023 година.
Настанот заврши со изјави кои г-ѓа Аксинте и г-дин Максути ги дадоа за медиумите.