08/12/2022

AIR TRACTOR на Дирекцијата за заштита и спасување полета за гасење на пожарот во Беровско

По појавата на пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско во која е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума Дирекцијата за заштита и спасување се активира со 5 тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и 8 возила. Исто така за потребите за гасењето на овој пожар активиран и е авионот AIR TRACTOR за гасење на шумски пожар од Дирекција за заштита и спасување.