28/03/2024

Работен состанок за зајакнување на соработката помеѓу ДЗС и Армијата на САД

Денес, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, преставници на Армијата на Соединетите Американски Држави (одговорни за имплементација на програмата за хумано деминирање и безбедност) и претставник на Американската амбасада во Република Македонија, остварија средба во знак на зајакнување на соработката и поддршка на активности од областа на хумано деминирање ,тренинзи и обуки за цивилна заштита.

Целта на соработката е:

-поддршка на институцијата во однос на процена на капацитетите и ресурсите за заштита од неексплодирани убојни средства и други експлозивни материи, -едукација, обуки и тренинзи на пиротехничарите,

-олеснување на соработката со задолжените субјекти кои имаат своја улога во оваа дејност и

-асистенција околу изнаоѓање решенија за проблеми кои постојат во оваа област (недостаток на кадар, опрема и сл.)

-поддршка за ревитализација на Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување -обезбедување на континуитет на тренинзите и обуките за заштита и одговор при пронајдени неексплодирани убојни средства и други експлозивни материи.

Престставниците ги посетија Центарот за обука во Маџари, подрачно одделение на ДЗС и простортот во Визбегово ( кој е идејно решение за изградба на нов Центар за обука и едукација и тренинг по сите области од цивилната заштита). Очекуваме заеднички да настапиме со работен план кој би бил поткрепен со идни проекти решенија.