Денес, Дирекцијата за заштита и спасување предводена од директорот Аднан Џафероски и Комората на психолози на РМ претставувана од претседателот Мирјана Јовановска -Стојановска, потпишавме Меморандум за соработка во областа за прва психолошка помош. Целта на овој меморандум е унапредување и заедничка соработка на институциите во следниве области:
-оспособување и обучување на припадниците на заштита и спасување од областа на прва психолошка помош и поддршка во згрижување на настрадано и загрозено население во услови на природни катастрофи и други несреќи,
-соработка во создавање на логистички бази на ДЗС и воспоставување на единствена национална база на податоци за експерти од областа на прва психолошка помош при заштитата и спасувањето ,
-обезбедување обуки од областа на справување со професионален стрес.
Со оваа соработка се стремиме кон изградба на посигурно општество, со една и единствена цел заштита и спасување на човечките животи, нивниот имот,природните ресурси и културните блага.