08/12/2022

Промоција на истражувачката студија

На 15.7.2022 година на Факултетот за Безбедност се одржа промоција на истражувачката студија ,,Анализа на кризната состојба и справувањето со пожарите во Република Северна Македонија низ призма на функционалноста на системот за управување на кризи и заштита и спасување,,. Во првиот дел од промоцијата свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Дирекција за заштита и спасување д-р Bekim Maksuti, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и деканот на факултетот за безбедност проф д-р Никола Дујовски.