28/03/2024

Средба со новиот амбасадор на Република Косово, Флоријан Ќехаја

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин. Беким Максути вчера имаше средба со новиот амбасадор на Република Косово, Флоријан Ќехаја.

Во оваа прилика, тој му честиташе на амбасадорот Ќехаја за новата должност и го увери за поддршка во успешното извршување на мисијата во неговата дипломатска должност во Северна Македонија и за соработката меѓу Дирекцијата и Амбасадата во однос на цивилната заштита од природни непогоди.