20/04/2024

Кампања "Да се научиме како да ги заштитиме шумите од пожари"

Во рамките на планираните активности, ДЗС преку своите подрачни одделенија за заштита и спасување во Кочани и Виница организира и спроведе кампања за подигнување на свеста за намалување на заканите од шумски пожари под мотото "Да се научиме како да ги заштитиме шумите од пожари". Кампањата се спроведе со презентации и распределување на промотивни материјали за подготвеност, заштита и спасување од пожари. 
Таргет на оваа кампања беа граѓаните. Освен вработените на ДЗС во активноста учествуваа вработени на ТППЕ Кочани и Виница и претставници на ЕЛС. 
Покрај средбата со граѓаните вработените од ДЗС остварија средба и со градоначалникот на Општина Виница г-дин Миле Петков. На средбата се разговараше за научените лекции од минатогодишните пожари, превентивните активности и подготвеноста на општината, нејзините проблеми и потреби 
за претстојната сезона од пожари.