09/02/2025

Работен состанок со Националните паркови и резервати на Р.М

Денес, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски одржа конструктивен состанок со директорите на Националните паркови и резервати на РМ: ЈПИЗПП Јасен- Новица Зечевиќ, ЈУ Национален парк Маврово-Самир Ајдини, ЈУ Н.П. Пелистер-Амет Аџиу, ЈУ Н.П.Галичица Андон Бојаџи, ЈП Македонски шуми-Зоран Ѓеорѓиев. Главна цел на состанокот беше воспоставување конкретна соработка и контакти помеѓу институциите и Дирекцијата за заштита и спасување. На состанокот се разговараше и за: -преземените подготвителни мерки и процедури за заштита од пожарите во сезоната на пожари во 2018г. -законските надлежности при појава на пожари и соработка помеѓу институциите со Дирекцијата за заштита и спасување -состојбата со расположливи човечки ресурси,вработени тимови и единици,материјално технички средства и опрема, расположливи возила и други транспортни средства,просторни и сместувачки капацитети кои можат да се користат во активностите при справување со пожари. Со ова ДЗС воспоставува пракса на континуирани средби на локално и централно ниво, воспоставување систем на заштита и спасување во РМ, разменување искуства и анализи за непречено одвивање на понатамошното работење.