28/03/2024

Меѓународна конференција организрана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување

По повод Меѓународниот Ден на Цивилна Заштита, Дирекција за заштита и спасување на РСМ организираше Меѓународна Конференција на тема: “Промените, предизвиците и издржливоста на цивилната заштита во време на Ковид19”.
Конференцијата ја отвори г-дин Bekim Maksuti Директор на Дирекцијата за заштита и спасување и кој во поздравното обраќање по повод одбележување на денот на Цивилната заштита кажа дека:
„Во изминатиот период се соочивме со голем број на промени поради појавата на Covid – 19 пандемијата, но паралелно со тоа се соочуваме и со предизвиците по однос на природни непогоди и други несреќи. Неспорен е фактот дека ширењето на Корона вирусот излезе од контрола и ги зафати сите земји во светот. Пандемијата на Covid - 19 ги стави државите пред нови предизвици, но на површина исфрли многу проблеми кои вообичаено се маргинилизираат или се занемаруваат. Ова е дефинитивно најголемата глобална криза, светска, економска, здравствена и социјална. Покажа дека може да го повреди целокупниот државен систем, покажа дека не познава нација, вера, култура и образование“.
Учесници на ова научна конференција се претставници од земјава, регионот и меѓународни претставници кои во своите обраќања, искуства и нивните предлози даваат придонес во надминување на предизвиците и организирање на цивилната заштита во иднина.
Конференцијата ќе трае од 17-18 Март 2022.