Ј А В Е Н О Г Л А С
За ангажирање на ИТ Администратор за огласот кликни тука
Дирекција за заштита и спасување“ како имплементатор на проектот „Развој и имплементација на паметен и одржлив интегриран систем за управување со шумски пожари (DISSIWMS)
"Development and implementation of smart and sustainable integrated forest fire management system (DISSIWMS) , According to the Agreement no: IPA/2021/429-391 објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За ангажирање на ИТ Администратор
I. КВАЛИФИКАЦИИ:
- Образование – компјутерски науки/информатика-завршен факултет (или телекомуникациски студии ИТ Академија)
- Управување со бази на податоци MySQL,
- Добро познавања на Microsoft сервери (креирање корисници, маилови, споделување фолдери и друго).
- Познавање хардвер и оперативни системи
- Изработка на Веб Проекти во PHP и Wordpress
- Познавања на мрежна опрема и рутери (Cisco, pfSense, Mikrotik)
- Добро познавање на Microsoft Office пакетот
- Солидно познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
- Солидни оргaнизациски и комуникациски способности
- Способност за тимска работа и решавање на проблеми
- Со работно искуство од минимум 3 години во ИТ сектор на иста или слична позиција која ги опфаќа задачите наведени во „II Опис на работни задачи“
II. ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Манаџирање со инвентар од ИТ опрема (документација, лагер, нови технологии)
- Имплементација на ИТ решенија или поддршка на истото преку интернет
- Мрежно поврзување и далечинско решавање на проблеми
- Инсталација на компјутерски уреди и нивно техничко оддржување
- Администрирање на компјутерски мрежи, комуникација со клиенти, техничка поддршка на терен и преку телефон
- Превземање на зададените инструкции од претпоставениот и комплетирање нa задачите во дадените рокови.
- Да дава техничка поддршка на стручните експерти при спроведувањето на активностите
- Редовно и навремено да комуницира со останатите партнери во проектот
III. Во прилог на пријавата кандидатите се должни да ги достават следните документи
-Кратка биографија (CV)
-Уверение за завршено соодветно образование
- Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на веб страната на „Дирекцијата за заштита и спасување“
- Ненавремената, нецелосната, и неуредната документација нема да бида предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати
- Доколку сте заинтересирани, ве молиме да ги испратите вашата професионална биографија и мотивационо писмо на македонски и англиски јазик преку пошта до „Дирекција за заштита и спасување“,ул:Васко Карангелески, 1000 Сkопје или на е-маил адресата: sevganija.ibrahimi@dzs.gov.mk., со назнака „ИТ Администратор” за проект „Развој и имплементација на паметен и одржлив интегриран систем за управување со шумски пожари”