28/05/2024

Кампања за намалување на заканите од поплава - „Да научиме за поплавите’’

Вработени од на Дирекцијата за заштита и спасување денска ја почнаа со Кампањата – Намалување на заканите од поплава со наслов „Да научиме за поплавите“.

Цел на ова кампања е запознавање на наставниот кадар и најранливата категорија-децата во основните училишта, преку спроведување на едукација, информирање и подигнување на свеста за заштита и спасување од заканите од поплави.

Вработените од  Дирекцијата за заштита и спасување одржаа презентација пред ученици на основните училишта:

О.У.  „Наим Фрашери“, населба Мала Речица;

О.У. „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег", село Порој i

 О.У. „Реџеп Вока“, село Шипковица.

 

Во кампањата беше спроведена презентирање на видео запис    „Да научиме за поплавите“ и безбедносни совети за младите како да се постапи пред, за време и по поплавите. Беа доделени прирачници за намалување на заканите од поплави.

Дирекцијата за заштита и спасување континуирано ќе работи на кампањата за намалување на заканите од поплави се до опфаќање на повеќе училишта во државата, вклучувајќи ги и критичните подрачја во градските и руралните средини. Спречување и ублажување на ризикот од поплави и ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

Видео