28/03/2024

Дирекцијата за заштита и спасување ИНФОРМИРА

Дирекцијата за заштита и спасување ИНФОРМИРА 

 

Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои се очекува да бидат пообилни во западните делови од земјата каде на места се прогнозираат и над 30 l/m2 дожд за 24 часа.  После летниот сушен период водостоите на реките се под просекот за овој период од годината и новите врнежи ќе доведат до нивно зголемување. Кај помалите реки и суводолиците особено во западните и југозападните делови од земјата (Охридско-Струшкиот регион) можно е брзо зголемување на водостојот, а доколку прогнозираните врнежи (на места над 30 l/m2) бидат сконцентрирани во границите на нивните сливни подрачја можна е нивна реакција и полнење на речните корита. И кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот посебно во западните делови. Овие врнежи ќе бидат добредојдени за природните и вештачките езера низ земјава и ќе придонесат за нивно прихранување со вода. Предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава во следните неколку дена.