16/04/2024

Донација од Република Словенија

На ден 21.04.2021 година пристигна донација од Република Словенија која е составена од медицински средства - заштитни маски.

 

На примопредавањето на донацијата во Дирекцијата за заштита и спасување, покрај Заменик Директорот на ДЗС г-дин Зулфиќар Зејнулаи, присуствуваше и Н.Е. г-дин Милан Предан, ВА Примож Шафц и првата секретарка на амбасадорот Ѓуле Вишај. Ова е прва донација од Словенија, што е уште една потврда за солидарноста и пријателските односи помеѓу двете држави.