Logo

12/04/2021

Припадници на ПОЗС Крива Паланка по потрага на исчезнато лице


Од 06.04.2021 година по известувањето од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка дека на територијата на општина Крива Паланка поточно во с.Кононица има исчезнато лице, стара жена на 79 год. од 02.04.2021 год околу 14 часот. Вработените лица од ПОЗС Крива Паланка се вклучија во потрагата и пребарување на теренот во с.Конопница и околните места поточно беа пребарани местата викани Аниште, Крст, Мечковци, Брлици и Баратлици на кои се претпоставуваше дека можеби ќе се пронајде исчезнатото лице.
Во акцијата за пребарување на теренот беа вклучени повеќе институции, здруженија, месно население и членови од фамилијата. ПОЗС Крива Паланка учествуваше во акцијата со 4 вработени, ЦУК-4, МВР-4, Црвен Крст-8, ТППЕ-7, Македонски шуми-4, ЈКП Комуналец-6, Здружение Спасител-3, Извидници-5 и Моторџии-10. Беа пребарани местата викани Мечковци, Крст, Спас, Аниште, Брлици, Баратлици, Бари, Прдинци, Борово, Мартиница и Црква во с.Конопница. Во пребарување на теренот беше вклучен и дрон, но лицето не беше пронајдено. 
Акцијата ќе продолжи до пронаоѓањето на исчезнатото лице.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации