20/04/2024

Конференција на тема „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“

На, 25.03.2021 г. се одржа конференција на тема „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“ организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ IDSCS, во која свое обраќање пред присутните имаше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување д-р Беким Максути.

Директорот на Дирекција за заштита и спасување, д-р Беким Максути смета дека не постои одржлив развој без воспоставање на ефективен и ефикасен систем за превенција од катастрофи.

„Превенцијата подразбира индивидуална и институционална посветеност. Граѓаните на нашата држава заслужуваат поефикасен систем за заштита и спасување која ја вклучува координацијата меѓу сите институции“, додаде Максути.

На конференцијата се дискутираше за системот за управување со кризи, можностите за соработка и меѓусебна поддршка на органите на национално и локално ниво, како и претставување на процесот на изработка на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и катастрофи на осум избрани единици на локалната самоуправа.

Конференцијата ја отвори претседателот на Институт за демократија, Марко Трошановски,  и на истата се обратија

Претседателот на државата Стево Пендаровски,

Амбасадорка на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Рејчел Галовеј,

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи Зоран Петров,

Директорот на Дирекција за заштита и спасување, д-р Беким Максути,

Директор на Центар за управување Стојанче Ангелов,

Истражувач во ИДСЦС Миша Поповиќ,

Консултантот за кризен менаџмент Васко Поповски,

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, 

Градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски,

Градоначалникот на општина Маврово Ростуше Медат Куртовски, 

Претседателката на ЗЕЛС Душица Перишиќ.

 

Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој Институт за демократија го спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, преку Британската Амбасада во Скопје.

Видео