25/06/2024

Доделување на плакети и благодарници по успешно завршената операција на уништување 12300 артилериски гранати

По повод успешно завршената операција на уништување на 12300 парчиња неексплодирани убојни средства - НУС (артилериски гранати 75 мм) останати од Првата Светска Војна, на подрачјето од некогашниот Солунски Фронт, на ден, 17.03.2021 година во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување директорот д-р Беким Максути им додели плакети и благодарници на претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана за придонесот во заедничката акцијата за транспорт и уништување НУС.

Во име на МВР плакетата ја прими г-дин Сашо Тасевски, директор на БЈБ, а за Министерството за одбрана, г-дин Тони Петрески, раководител на Секторот за цивилно-воено соработка и воедно координатор на акцијата за асистенција во заедничката акција, транспорт и уништување на НУС.

Исто така, во знак на благодарност за објективното информирање на јавноста за значењето на заштитата од НУС, плакети им беа доделени на претставниците од медиумите.

На сите останати учесници во организирање и спроведување на акцијата, им беа доделени благодарници.