25/06/2024

Предавање на опрема за ТППЕ - Кавадарци

На ден 10.03.2021г., пред предавањето на опремата за потребите на ТППЕ Кавадарци, заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Зулфикар Зејнулаи оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, кој ја искористи можноста да ја поздрави ова распоредување на оваа значителна опрема за пожарникарите на ТППЕ Кавадарци.

Потоа претставници на Дирекција за заштита и спасување предводена од заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Зулфикар Зејнула изврши примопредавање на опремата за потребите на ТППЕ Кавадарци.

Опремата е обезбедена од страна на ДЗС од средствата наменети за купување опрема за пожарникарите од што се распоредени 1 (еден) сет воздушни перници за кревање на терет и 1 (еден) сет хидраулични подопирачи за стабилизирање на лесни и тешки возила при сообраќајни несреќи.