19/04/2024

Спасување на повредено лице од висококатница

На ден 05.03.2021, во Битола, се одржа обука и вежба за спасување од висококатница при земјотрес. На предвидениот настан учествуваа Тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина од ПОЗС – Битола и вработени лица од Дирекцијата за заштита и спасување, предводени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, д-р Беким Максути.

Пред почетокот на вежбата, беше  демострирана и опремата со која располага Тимот за брз одговор – Битола и според планот се одржа кратко предавање за спасување при земјотрес. На симулирана вежба за спасување на повредено лице при земојотрес од висококатница,  ТБО – Битола ги покажа своите вештини за спроведување на акцијата за спуштење со местена жичара. Припадниците на ТБО, по спуштањето на лицето, му укажаа прва медицинска помош и го пренесоа со четри спасители до медицинскиот пункт, а понатаму, до возилото на Итна медицинска помош.

Директорот на ДЗС,  Беким Максути го поздрави денешниот настан, при што најави дека ќе бидат спроведени сите понатамошни обуки и вежбовни активности планирани за 2021 година, поради тоа што се значајни за зголемување на подготвеноста  при справување со несреќи и делување во итни ситуации.