14/10/2024

Честитка по повод Меѓународниот ден на цивилната заштита 1-ви март

Меѓународниот ден на цивилната заштита 1ви март, има двојно значење: на овој ден во 1972 година стапи на сила Статутот на Меѓународната организација на цивилна заштита, важен меѓународен документ во сферата на хуманитарното право, кој е регистриран во Секретаријатот на ОН согласно повелбата на ООН. Следниот ден, на 2ри март 1972 година започна да дејствува Меѓународната организација за цивилна заштита како меѓувладина организација. Светскиот ден на цивилната заштита е востановен во 1990 година со одлука на Генералното Собрание на Меѓународната организација за цивилна заштита.

Целта на одбележување на овој ден е да се сврти вниманието и да се подигне свеста на јавноста за значењето на цивилната заштита и на превентивните и заштитни мерки и постапки во случај на природни непогоди, техничко-технолошки катастрофи и сл.

Нека ни е честит 1ви март, Меѓународниот ден на цивилната заштита!