13/12/2024

Започна уништувањето на артилериските гранати од Првата Светска Војна пронајдени во Битола

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пиротехничарите на МВР и АРСМ, денеска ја започнаа акцијата за уништување на неексплодираните убојни средства, артилериски гранати 75 мм пронајдени и отстранети од градот Битола кои датираат од Првата Светска Војна.

На првата акција се уништија 1600 парчиња артилериски гранати на  Армискиот полигон „Криволак“.