Директорот г-дин Беким Максути, во Дирекцијата за заштита и спасување оствари средба со претставници од ТВ Телма и со пиротехничарите од Дирекцијата во врска со завршената активност за прибирање на неексплодираните убојни средства од централното градско подрачје во Битола.
Исто така се разговараше и за претстојната акција за уништување на овие неексплодирани средства. Директорот информираше дека пиротехничарите за својот ангажман во прибирањето на ова големо количество артилериски гранати во Битола, од Владата на Република Северна Македонија добија награда во износ 30.000 денари.