Дирекцијата за заштита и спасување организира Обука и тренинг вежба на просторните сили од општините на Гевгелиско - Валандовскиот регион за справување со пожари на отворен простор со учество на дел од постојаниот состав и тренинг вежба за тимот за спречување на поплави и испумпување на вода на Дирекцијата за заштита и спасување.
Времето за организирање и спроведување на обуката е на 27,28 и 29.06.2018 година со почеток во 09:00 часот во Општина Дојран. На обуката и тренинг вежбата во Дојран се планира да учествуваат околу 45 учесници по следната структура:
- ДЗС - ПО Гевгелија
- ДЗС - ПО Валандово
- ДЗС - ПО Струмица
- Тимот за спречување на поплави и испумпување на вода
- Тимот за брз одговор за пожари Валандово
- Доброволно противпожарно друштво Дојран
- Тим за Прва помош при ЕЛС Валандово
- ТППЕ од Гевгелија
- ТППЕ од Валандово
- ЈП Македонски шуми Саланџак мобилна екипа
- ЈП Македонски шуми Кожув Гевгелија
Основни цели на тренинг вежбата ќе бидат:
- Запознавање со основите на методите,техниката и тактиката при справување со пожарите на отворен простор
- Проверка на тактиката и постапките при употребата на тимовите за ПП-заштита
- Укажување на прва медицинска помош на настрадани при справувањето со пожарите на отворен простор
- Проверка на обученоста и увежбаноста
- Проверка на реалноста на организациско-формациската структура и мобилизациската спремност
- Проверка на ефикасноста за употреба на опремата и расположливите материјални средства во овие услови
- Координација и оперативно содејство во Дирекцијата за заштита и спасување и други структури како Црвениот крст на Македонија,здруженија на граѓани, население, резервен состав
- Меѓусебно запознавање,извежбување и уигрување на членовите на формираните тимови во рамките на активноста на Дирекцијата за заштита и спасување
- Реализирање на активности предвидени со тактичка задача (вежба)
Во организирање и спроведување на обуката и тренинг вежбата, учесниците ќе ги применуваат следните принципи, начела и задачи:
- Тимска работа,соработка и содејство помеѓу учесниците
- Примена на постоечките стандардно оперативни процедури
- Одговорно управување со техниката,МТС и опрема
- Следење на временскиот тек и метеоролошките услови за време на вежбата
- Дефинирање на просторот за изведување на вежбата, извидување на подрачјето, утврдување на критичните точки, лоцирање и сигурен пристап на учесниците и гостите
- Дефинирање на просторот на набљудувачите на вежбата