Согласно сложената хидрометеоролошка состојба, можните појави од пожари, укажувањата и констатираните состојби на терен и проблеми на дел од ПОЗС, согласно проценката за загрозеност се активира Планот за подготвеност на силите на Дирекцијата за заштита и спасување на Прв степен на загрозеност (ЖОЛТО) што значи:
1. Подготовки за воведување на дежурство во Дирекцијата за заштита и
спасување и другите надлежни органи за заштита и спасување,
2. Алармирање на вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и
лицата распоредени во силите од постојаниот и резервен состав на
Дирекцијата, како и преглед и ставање во функција на потребните материјално-технички средства и опрема,
3. Ажурирање на документите од плановите во подрачните одделенија за
заштита и спасување и
4. Спроведување на потребните мерки за безбедност
Во документот за подготвеност на силите за заштита и спасување од Планот
за заштита и спасување, во подрачните одделенија задачите и постапките мораат
да бидат прецизно одредени, како и извршителите на активностите, роковите за
извршување и потребните средства за извршување на задачите.