03/02/2023

Донација од МЦЗ на ЕУ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафроски, со Н.Е амбасадорот на Австрија г-дин Георг Вуцас и Вицепремиерот за европски прашања г-дин Бујар Османи, ја примија донацијата од Австрија преку Механизмот за цивилна заштита на Европска Унија. Донацијата се состои од агрегати, шатори за згрижување на население, ќебиња и постелнини за еднократна употреба.