25/06/2024

Средба со проф. д-р Неџат Корајлиќ - декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии од Сараево

Денес, 15.01.2020 г. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски имаше официјална средба со проф. д-р Неџат Корајлиќ - декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии од Сараево, деканот на Филозофски факултет при УКИМ проф.д-р Ратко Дуев и проф.д-р Оливер Бакрески продекан на настава на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет при УКИМ.
На оваа средба се разговараше за континуираната соработка помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Филозофскиот факултет и идните проекти кои ја вклучуваат и Научната конференција која се организира втора година по ред во месец март, месец на Цивилната заштита. Тема на оваа конференција организирана од страна на двете институции со учество на професори од Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии од Сараево ќе биде "Реформите и Цивилната заштита".
Посебен акцент во разговорите на оваа средба се стави на Семејниот прирачник за заштита од природни непогоди и други несреќи кој го изготви експертски тим од Дирекцијата за заштита и спасување. Поддршката од страна на Филозофскиот факултет во овој дел ќе биде издавање на Семејниот прирачник за лицата со посебни потреби со фонт за дислексија, со Брајова азбука и аудио запис.