17/01/2025

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 12 лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време

Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр. 01-277/5 од 06.06.2019 година, бр. 01-277/6 од 03.09.2019 година, бр. 01-277/9 од 09.10.2019 година, бр. 01-277/12 од 01.11.2019 година, бр. 01-277/17 од 20.11.2019 година, објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 12 (дванаесет) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2019 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 12 (дванаесет) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

1. Самостоен референт – архивар, Одделение за правни и административни работи и аналитика, Сектор за генерален инспектор – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо, средно стручно, гимназија
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 16.464,00 денари за работното место под реден број 1

2. Помлад соработник за извршување на планот за јавни набавки, Одделение за правни работи, Сектор за заеднички работи – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Економски,  правни науки, политички науки
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 2

3. Советник за буџетска контрола, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование:  економски науки
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според  ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку три години работно искуство  во струката

     Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата:  26.253,00   денари за работно место под реден број 3

4. Советник за информатичка и телекомуникациска поддршка на системите и нивно одржување, Одделение за информатичка технологија, Сектор за материјално опремување и одржување  – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование:  компјутерска  техника и информатика, информатика  или телекомуникациско инжинерство
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според  ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку три години работно искуство  во струката

     Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата:  26.253,00   денари за работно место под реден број 4

5. Помлад референт за пополна на силите за заштита и спасување со персонал, МТС и опрема, Подрачно одделение за заштита и спасување Прилеп, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо или средно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 13.818,00   денари за работното место под реден број 5

6. Помлад референт за планирање, организирање и спроведување на мерки за заштита и спасување Валандово, Подрачно одделение за заштита и спасување Валандово Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо / средно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцеларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 13.818,00   денари за работното место под реден број 6

7. Помлад соработник за спроведување на обука, тренинг вежби за противпожарна заштита од шумски пожари и поплави, Подрачно одделение за заштита и спасување Охрид Сектор за оператива и логистика  - 1 извршител,

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: организациони науки и управување (менаџмент), технички или туризам и угостителство
  • Стручни квалификации (VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според  ЕКТС или завршен VII/1 степен)
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

      Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари  за работното место под реден број 7

8. Помлад референт за спроведување на обука, тренинг вежби за заштита и спасување од поплави, Подрачно одделение за заштита и спасување Радовиш, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо / средно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 13.818,00  денари за работното место под реден број 8

9. Помлад соработник за мобилизација на силите за заштита и спасување, планирање и организирање на обука, тренинг и вежби, Подрачно одделение за заштита и спасување Неготино, Сектор за оператива и логистика

Посебни услови:

  • Образование: образование, одбрана, безбедност
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 9

10. Помлад референт за курир и администратор, Подрачно одделение Крушево, Сектор за оператива и логистика

Кандидато, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо / средно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 13.818,00  денари за работното место под реден број 10

11. Помлад соработник за урбанистички планови, Одделение за издавање урбанистичка согласност, Сектор за превенција, планирање и развој

Посебни услови:

  • Образование: градежништво и водостопанство, архитектура, урбанизам и планирање
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 11

12. Самостоен референт организатор за одржување на моторни возила, Одделение за техника и матријално – техничко опремување, Сектор за материјално – техничко опремување и градежно техничко одржување на објекти – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо, средно машинско, гимназија
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 16.464,00 денари за работното место под реден број 12

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здраствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оргинал или копија уверение за државјанство

2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оргинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)

7.Доказ за познавање на комјутерски програми/потврда-сертификат-оргинал или копија

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок– оддление за специјализирани услуги со воздухоплови  во Меѓународен Аеродром Скопје - Скопје.

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр. 8 - Скопје касарна Гоце Делчев – Аеродром – Скопје(со назнака ,,За оглас за вработување за работна позиција бр...,,)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.                                               

                   

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                     АДНАН ЏАФЕРОСКИ