Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година, бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр. 01-277/5 од 06.06.2019 година, бр. 01-277/6 од 03.09.2019 година, бр. 01-277/9 од 09.10.2019 година, бр. 01-277/12 од 01.11.2019 година објавува:
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 ( две ) ЛИЦА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
- ДЗС0210В01000, Инспектор за заштита и спасување, Одделение за инспекциски надзор, Сектор за Генерален инспектор, 2 (двајца) извршители.
Посебни услови:
- Образование: машинство или индустриско инженерство и менаџмент, воено – технички науки, правни науки, одбрана, физика, гтехнологија на прехрамбени производи, хемиска технологија, сообраќај и транспорт, економски науки, текстилна технологија, електротехника, компјутерска техника и информатика, машинство, географија, градежништво и водостопанство и други технички науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI А според Националната рамка на високо – образовните квалификации и стекнати најмалку 180 до 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: најмалку 6 (шест) години работно искуство во заштита и спасување, од кои најмалку 2 (две) години во државна служба
Посебни работни компетенции
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми .
Паричен износ на плата: 23.700,00денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно балансерот на годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанци(ки)
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена кај нотар:
1.Доказ за државјанство на Република Македонија
2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал
3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда
4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/оригинал или копија со нотарска заверка верно на оригинал
5.Доказ за познавање на јазик
6.Доказ за работно искуство АВРМ и ПИОМ
7.Доказ дека има 6 години работно искуство во заштита и спасување.
8.Доказ за познавање на компјутерски програми/ оригинал или копија нотарска заверка верно на оригинал
9.Биографија ,
II. Распоред на работно време: Работни часови во неделата-максимум 40 работни часови,работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот, работни денови: од понеделник до петок.
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром - Скопје(со назнака ,,за оглас за вработување,,)
Пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.
Рокот за доставување на потребната документација е осум (8) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување)
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Со избраните кандидати ќе се спроведе интервју и склучи договор за вработување на неопределено време .
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
Д И Р Е К Т О Р
АДНАН ЏАФЕРОСКИ