29/03/2024

15-годишниот јубилеј на нуркачкиот центар “Амфора”

Оваа сабота, 23.11.2019г. во х.Филип, Охрид, претставник од Дирекцијата за заштита и спасување присуствуваше на одбележувањето на 15-годишниот јубилеј на нуркачкиот центар “Амфора”. Центарот ја претстави новата нуркачка опрема и боците за нуркање кои работат на мешавина, адаптирани на наше поднебје.
ДЗС заедно со Центарот "АМФОРА" веќе 12 години активно работи и досега во три фази беше исчистено Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства, со што е надмината бројката од 20 тони експлозив.
Во знак на досегашната успешна соработка со Центарот "Амфора" , ДЗС прими и Благодарница.