03/02/2023

39-ти Регионален состанок на Иницијативата ДППИ ЈИЕ во Сараево

На 21-22.11.2019 година, се одржа 39тиот Регионален состанок на Иницијативата ДППИ ЈИЕ во Сараево, БиХ , на кој присуствуваа претставници од Дирекцијата за заштита и спасување. Државите-членки реферираа за активностите во своите држави во областа на цивилната заштита и справувањето со природните непогоди и други несреќи. На состанокот помеѓу 10те држави-членки на Иницијативата се разговараше за понатамошните активности и планови за вежби/обуки за 2020 година, притоа се донесе и Стратешкиот план за развој на ДППИ ЈИЕ 2020-2024.