29/03/2024

Пронајдени 93 артилериски гранати 105 мм и 2 гранати 122мм

На излезот од Прилеп на стариот пат кон Битола, во нива се пронајдени 93 артилериски гранати 105 мм и 2 гранати 122мм. Откопувањето е извршено на ден 19 и 20.11.2019 година од страна на пиротехничар од ПОЗС Битола. Транспортот до магацинот за складирање е извршен со полициско обезбедување.