04/02/2023

Официјална посета на јапонската амбасадорка Н.Е. Кеико Ханеда

На 01.11.2019 директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски во официјална посета ја прими јапонската амбасадорка Н.Е. Кеико Ханеда. На оваа втора официјална средба директорот и се заблагодари на амбасадорката за иницијативата која досега беше покажана од страна на Јапонската амбасада. По кратката презентација на изминатите активностите на Дирекцијата за заштита и спасување, директорот го истакна значењето на поддршката во идните проекти во кои непосредно би била вклучена Цивилната заштита на Јапонија. На крајот на средбата од двете страни се истакна потребата од размена на искуства и експерти помеѓу двете држави и потпишување на билатерален договор.