16/04/2024

Итен координативен состанок поради активните пожари на повеќе локации низ Република Северна Македонија

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски, денес 30.10.2019г. (среда) одржа итен координативен состанок со вработените во секторот за Оператива и логистика при Дирекцијата за заштита и спасување, поради активните пожари на повеќе локации низ Република Северна Македонија. Подрачните одделенија при Дирекцијата за заштита и спасување се излезени на терен, додека авионите вршат воздушна поддршка при гасењето на пожарите на повеќе локации.