28/03/2024

"Миран Богатај- денови на цивилна заштита" во Постојна, Р.Словенија

Од 17-19.10. 2019 г. на покана на директорот на Цивилната заштита на Р. Словенија, г-дин Дарко Бут, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски присуствуваше на "Миран Богатај- денови на цивилна заштита" во Постојна, Р.Словенија.
Целта на овој настан беше спојување на сите релевантни фактори во цивилната заштита во Р.Словенија како што се националните институции, професионални и волонтерски спасувачки служби, приватни компании и невладини организации, и презентација на нивната работа пред посетителите.
Настанот вклучуваше  изложбени штандови на кои беше изложена опремата на единиците на цивилната заштита и вежба - "Постојна 2019", во која учествуваа тимовите на Цивилната заштита заедно со армијата и полицијата.
Пред почетокот на официјалниот дел, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,  г-дин Аднан Џафероски и директорот на Цивилната заштита на Р. Словенија, г -дин Дарко Бут, имаа билатерална средба на која дискутираа за обука на припадниците на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување за справување со пожари на отворен простор.