03/02/2023

Ангажман на Тим за брз одговор за спасување на планина

На 13.10.2019 година во 12:00 часот добиена е информација од СВР Битола дека на планината Баба во непосредна близина на врвот Пелистер на надморска висина од 2600 метри е повреден планинар и е побарана помош за негово спасување. Веднаш е мобилизиран Тим за брз одговор за спасување на планина со 4 припадници и 2 вработени од ПО ДЗС Битола.

Во 14:00 часот членовите на тимот дојдоа на местото на настанот каде се наоѓаше повреденото лице, каде е констатирано дека повреденото лице е од Битола на возраст од 28 години. Повредениот бил на планинарење заедно со уште 4 други планинари. Во еден момент при искачување на врвот на планината се лизнал и се здобил со повреда над десната слепоочница. Покрај обилното крварење повредениот чувствуваше големи болки во десната натколеница и повраќаше. Членовите на тимот му укажаа прва помош со тоа што го санираа крварењето и дадено му е средство за смирување. Истовремено е констатирано е дека е ризично да се транспортира со моторно возило и затоа преку ДЗС беше повикан хеликоптер од МВР Скопје.

Околу 16:00 часот хеликоптерот на МВР го презема повреденото лице и го транспортира до Ургентниот центар на клиничка болница „Мајка Тереза“ во Скопје.

Информирани сме дека лицето е во стабилна здравствена состојба но е задржано бидејќи е потребно да се направат дополнителни испитувања.