На ден 15.10.2019 год. се одржаа вторите билатерални разговори помеѓу високи претставници на двете држави, во рамки на Билатералната спогодба за заштита од природни катастрофи, помеѓу Владата на РСМ и Советот на министри на Р. БиХ, потпишана во 2008 година во Скопје.
Од БиХ на разговорите учествуваа претставници од Министерството за безбедност, Федералната управа за цивилна заштита и Републичката управа за цивилна заштита на Република Српска. Од страна на РСМ, Делегацијата ја предводеше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски и претставници од институцијата.
На разговорите се дефинираа конкретни активности за соработка во 2020 година, а паралелно, Дирекцијата за заштита и спасување изрази безрезервна поддршка во однос на пристапување на БиХ кон Европскиот механизам за цивилна заштита. На крајот од средбата се потпиша заедничка изјава од страна на г-дин Самир Агиќ и г-дин Аднан Џафероски.