04/02/2023

43-ти состанок на Генерални директори на цивилна заштита во Хелсинки

Денес, 9.10.2019г.(среда), директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски со својот тим, присуствуваше на првиот дел од 43 состанок на Генерални директори на цивилна заштита во Хелсинки, Финска. На состанокот, земјите членки на Европската унија и земјите кандидати дискутираа за нов пристап за градење на отпорни општества, хибридни закани, меѓусекторска и регионална соработка во цивилната заштита. Во рамките на денешните активности планирани се и неколку  билатерални средби.