03/02/2023

Меѓународна Nato - SPS вежба NICS - Montenegro 2019

Во периодот од 01.10 до 04.10.2019 Дирекција за заштита и спасување зема учество во меѓународната Nato - SPS вежба "NICS - Montenegro 2019" која се одржува во регионот на Подгорица и Даниловград во Република Црна Гора.
Вежбата е организирана и се спроведува од страна на NATO - SPS и домаќинот Министерство за внатрешни работи на Република Црна Гора.
Во оваа вежба земаа учество имплементаторите на проектот "NICS - Next Generation Incident Command System, NATO - SPS Project од Република Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Црна Гора.
Вежбата е организирана со цел проверка на организацијата и функционирањето на субјектите во системот за управување со кризи, интероперабилноста и компатибилноста со земјите членки на Нато, употребата на расположливите ресурси, со посебен акцент на командување, контрола, координација и соработка на меѓународно и национално ниво со користење на NICS.
Од Република Северна Македонија земаа учество тимови од Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, ТППЕ бригада на Град Скопје и Црвен Крст.