Со цел подобрување на противпожарната заштита во регионот на 16 и 17 Јуни Дирекцијата за заштита и спасување во улога на учесник и координатор, заедно со Планинарско Горскоспасителното друштво Ава Кота како организатор, извршија обука на општинските просторни сили на Општина Новаци за одговор на пожари на отворен простор.
Оваа обука е само една од низа планираните обуки и вежби на просторните сили и тимовите за справување со природни катастрофи, кои Дирекцијата за заштита и спасуање воспоставува пракса и во континуитет ќе ги спроведува.
Една од целите на Дирекцијата за заштита и спасување, е анимирањето на јавноста за потребата од организирана "Цивилна Заштита" во нашата земја и подигање на свеста кај граѓаните за заштита на прородните ресурси и нивно одржување.