29/03/2024

Активиран Главниот Штаб на Дирекцијата за заштита и спасување

Денеска на 30.08.2019 год., се активираше Главниот Штаб на Дирекцијата за заштита и спасување, со дневен ред: осврт на состојбата со шумските пожари, силите со кои е настапено на терен по региони и потребни сили и средства за понатамошно делување.
Како дел од Главниот Штаб, освен раководните лица на Дирекцијата, учествуваат и членови-претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и ЈП Национални шуми.