28/03/2024

Кампања за намалување на ризици од пожари на отворен простор

Вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, вклучувајќи ги 35-те  Подрачни одделенија, од 15.07 до 15.08.2019г., ја спроведоа Кампањата за намалување на ризиците од пожари на отворен простор која беше поддржана од страна на ЕВН АД Скопје како општествено одговорна компанија.
Во склоп на кампањата се делеа прирачници за намалување на ризиците од пожари во поголемите градови во Републиката, на наплатните станици, на граничните премини, во руралните средини, во Националните паркови, излетнички места каде беа поставени и постери со чекори на заштита од шумски пожар.
Кампањата беше медиумски покриена  низ територијата на цела Република, на тв и радио канали, интернет портали, а во склоп на кампањата беа поставени и билборди.
Целта на оваа кампања беше подигнување на свеста на населението за превенција, спречување но и самозаштита и заштита на природата од пожари на отворен простор.
Оваа кампања е дел од низата кампањи кои ќе ги спроведува Дирекцијата за заштита и спасување под мотото Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени а ќе опфаќаат кампањи за намалување на ризиците од сите катастрофи предизвикани од природата и човекот.
Дирекцијата за заштита и спасување им се заблагодарува за поддршката на ЕВН АД Скопје и сите општествено одговорни медиуми, со посебна благодарност до граѓаните на Република Северна Македонија, за покажаниот интерес за Кампањата за намалување на ризиците од пожари.

ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ОНИЕ КОИ СЕ ПОДГОТВЕНИ
ПРИРОДАТА Е НАША ОДГОВОРНОСТ