20/04/2024

Кампања за намалување на ризиците од пожари во Крушево

Дирекцијата за заштита и спасување во пресрет на големиот празник Илинден, вчера 1.8.2019 (четврток), на Гумење, Крушево на жителите и посетителите им делеше едукативен материјал, кој ДЗС го подготви во склоп на Кампањата за намалување на ризиците од пожари. Кампањата за намалување на ризиците од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување трае од 15.7-15.8.2019г. и ги опфаќа сите градови во Републиката. #ИднинатаИмПрипаѓаНаОниеКоиСеПодготвени #ПриродатаЕНашаОдговорност