23/04/2024

Пронајдена минофрлачка мина со калибар 75 мм од Прва светска војна

На ден 24.07.2019 година во 12:00 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - ПОЗС Битола подигна минофрлачка мина со калибар 75 мм од Прва светска војна, која се наоѓаше на туристичкото место Отешево, во близина на поранешниот хотел “Европа”.
Истата беше извадена од Преспанското езеро на длабочина од 20 цм покрај брегот и пренесена на безбедна локација во Битола.