28/03/2024

Дирекцијата за заштита и спасување со препораки за топлотниот бран во земјава

Дирекцијата за заштита и спасување согласно најавите на УХМР, соопштува дека од утре, понеделник 1 јули, ќе настапи топлотен бран во нашата земја, со температури до 40 степени. Порастот на температурите продолжува и во вторник, а максимумот топлото време ќе го достигне во среда и четврток, кога на повисоките места температурата ќе достигне над 30, а на пониските места и до 40 степени.
Дирекцијата за заштита и спасување покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.
Воедно, ДЗС апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија и до Локалната самоуправа, да внимаваат кога се на отворено и:
-да не се фрлаат цигари и догорчиња;
-да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;
-да не се пали оган на отворен простор и шума;
-да не се пали отпад и друг горлив материјал;
-да не се палат стрништа и меѓи.
-граѓаните редовно да вршат косење на тревата, на ниската вегетација што е во нивна сопственост.
-ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.