16/04/2024

Рана превенција од поплави

На ден 20.06.2019 год., се одржа иницијален состанок помеѓу директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-динот Аднан Џафероски и претставници од институцијата и претставници од Институтот за води – Делтарес, Холандија, г-динот Вилко Вервеиџ и г-динот Клас-Џан ван Херинген и Бојана Станојевска-Пецуровска од Центарот за климатски промени. Целта на состанокот беше запознавање со софтверот произведен од страна на Делтарес и иницијативата за воспоставување на Систем за рана превенција од поплави за Северна Македонија.  Институтот за води, Делтарес веќе долго време работат на оваа проблематика и веќе имаат развиено Систем за рана превенција за реката Сава, Р. Србија, финансиран од Светската Банка.