Дирекцијата за заштита и спасување ги активира своите тимови за брз одговор за заштита и спасување на вода за да изврши превентивно и оперативно пребарување и отстранување на предмети од „езеро Мантово и Тиквешко езеро“ во деновите 09.06.2018 и 10.06.2018 година.
Цел на оваа активност е безбедно спроведување на тренинг вежбите и налети на авио персоналот согласно стандардните оперативни процедури и да бидат подготвени за дејствување во случај на потреба за гасење пожари на отворен простор. За време на тренажата се ангажираат 4 лица од ТБО за спасување од поплави од ПОЗС Велес и двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување како логистичка подршка на тимот.
Согласно годишниот план за редовни налети и тренажа на вода на одделението за специјализирани услуги со воздухоплови на акумулациите ,,езеро Мантово и Тиквешко езеро,, а од досегашните сознанија за состојбата на водите на овие акумулации, постојат наноси на отпаден материјал во водите на езерата од (шишиња, дрва и друго) од причина што во претходниот период имаше обилни врнежи од дождови.