На 26.04.2018 во Птолемаида, Република Грција, се одржа теренска вежба за гасење шумски пожар на тешко пристапен терен "Балкан 2018".
Ова е прва активност во рамките на 4-латералната соработка во сферата на цивилната и противпожарната заштита помеѓу Македонија, Бугарија, Грција и Албанија, која отпочна на 01.12.2017 година.
Дирекцијата за заштита и спасување беше поканета да присуствува на вежбата како набљудувач и учествуваше со 6 свои претставници.
Вежбата ја организираше Генералниот Секретаријат за цивилна заштита на Република Грција, во соработка со противпожарниот корпус и со поддршка од воздух, со 2 канадери и 3 хеликоптери од грчката Армија.
Со господинот Јоанис Капакис, генерален директор на ЦЗ на Грција, господин Алфред Кристули, директор на противпожарната заштита на Албанија и со господин Красимир Шоторов, директор за операции од Генералната дирекција за заштита на населението од Бугарија, се договоривме наредната година да организираме теренска вежба со учество на специјализирани тимови од четирите држави, а со поддршка на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.