На ден 22.04.2018 година по повод денот на планетата Земја се одржа Акцијата "Македонија без отпад" со чистење на езерото Козјак. Во организација на МЖСПП во соработка со здруженијата „Гоу Грин“ , „ЦНВП Македонија “ , ДЗС, ЦУК, ..... се организираше чистење на езерото Козјак од тврд отпад. ДЗС зема учество со два чамци со екипаж и четири моторни возила со вкупно 16 членови.