Во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Варшава – Полска,
фирмата РОСОМАК С.А. од Полска, која е производител на воена опрема,
додели на Република Македонија донација која се состои од опрема за справување со поплави.
Опремата ја сочинуваат пумпи за вода и кал со различен капацитет со вкупен број од околу 280 парчиња како
и соодветни црева и резервни делови за истите, агрегати за електрична енергија со различен капацитет околу
30 парчиња и 51 носило.
Опремата е пристигната во Република Македонија и сместена во магацините на Дирекцијата за заштита и
спасување. Официјалното примопредавање и потпишување на договор за донација помеѓу РОСОМАК С.А. и ДЗС
ќе се одвива во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во касарната Гоце Делчев во Скопје на
29.12.2016 год.