14/10/2024

Пороен дожд во Кичево

Во вечерните часови на 19 Август 2016 во Кичево имаше краткотраен пороен дожд кој на магистралниот пат Кичево – Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар.


    По брзата интервенција на полицијата која го преусмеруваше сообраќајот кон споредните улици и Дирекцијата за заштита и спасување заедно со припадниците на противпожарната единица кои со помош на пумпа ја исцрпија водата, во многу краток период патниот правец беше оспособен за сообраќај.


    Според подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување поројниот дожд не предизвика штети на други објекти освен на две возила кои беа заглавени во водата а беа бргу извлечени. Сега е во тек отстранувањето на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата. 


    Дирекцијата за заштита и спасување преку вработените во Подрачните одделенија ја следи ситуацијата на терен и ако има потреба ќе активира дополнителни сили и механизација за справување со настанатите ситуации.